Реклама
Вирално

Неверојатно откритие на научниците: Лек за холестерол може да ја сведе короната на обична настинка и да ја уништи

Реклама

Постоечки лек за холестерол, кој веќе го одобри американската Агенција за храна на и лекови (ФДА), би можел да ја намали сериозноста на ковид-19 и да ја сведе на обична настинка или можеби и целосно да ги елиминира симптомите, сметаат истражувачите од еврејскиот универзитет во Ерусалим и Медицинската школа Икан во Њујорк.

Според нивната студија, која е објавена на 14. јули (но се уште се чека на рецензија пред да се објави во стручно списание), фенофибрат, вообичаен лек кој се користи за лекување на висок холестерол исто така може да се покаже ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.

Маркетинг

„Вирусите се паразити“, објасни истражувачот Јаков Нахмијас за Ерусалим пост.
„Не можат да се повторат. Не можат да направат нови вируси. Мора да влезат во човечката клетка и потоа да ја преземат таа клетка“. Според научниците, вирусот предизвикува таложење на масти во клетките на белите дробови кои ги користи за размножување.

Маркетинг

„Ако сфатиме како САРС-КоВ-2 го контролира нашиот метаболизам, можеме да се бориме против контролата на вирусот и да го лишиме од ресурси кои му се потребни за да преживее“, рече Нахмијас и додаде дека нивната теорија исто така може да објасни зошто пациентите со високо ниво на шеќер и холестерол во крвта се поподложни на зараза од коронавирус.

Со анализа на различни примероци на белодробно ткиво, истражувачите откриле дека фенофибратот „покренал металболитички промени предизвикани од САРС-КоВ-2 кој ја блокира репликацијата на вирусот“, при што се случувало вирусот целосно да исчезне.

Ефектот е забележан по само пет дена лекување.

Студијата е спроведена во Израел и во Њујорк и повеќе пати е повторена со различни примероци на ткиво, што сугерира дека резултатите може да се повторат.

Истражувачите се надеваат дека наскоро ќе се забрзаат клиничките испитувања на фенофибратот и во Израел и во САД и ќе продолжат со проценка на неговиот потенцијал како лек за ковид-19.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button