Реклама
Холивуд

Неверојатно – заработи 715 милиони дполари и сега сите ги подарува. Познатиот актер месечно троши само 100 долари!

Реклама

Познатиот актер од Хонгконг Ча Јун-Фат (63) одлучи целото свое богатство од 715 милиони долари да го подари во добротворни цели, пренесуваат кинеските медиуми.

Познатиот актер што доби остар за филмот „Притаен тигар, скриен змеј“, познат е и по тоа што води максимално скромен живот и троши само 100 долари месечно.

Маркетинг

Тој е познат и по тоа што еден мобилен користел 17 години, а дури од пред две години премина на паметните телефони, откако неговиот стар телефон престанал да работи.

Маркетинг

„Парите всушност не припаѓаат на мане, јас сум само привремено задолжен за нив“, изјави тој кога го прашаа какви се плановите за неговото богатство.

Вестите за неговите планови повторно се појавија оваа недела откако беше забележан на Тајван како го промовира својот нов филм „Проект Гутемберг“ што се прикажува од октомври.

Актерот и неговата сопруга Јасмин Там имаат своја добротворна фондација веќе со години. Тие немаат деца.

https://www.instagram.com/p/BAWYU9vIfFq/?utm_source=ig_embed

 

„Мојот сон е да бидам обичен среќен човек, најтешко во животот не е да заработите богатство, туку да го зачувате мирот до крајот на животот, на едноставен и грижлив начин“, изјави тој за медиумите во една пригода.

https://www.instagram.com/p/_L8dzFIfPC/?utm_source=ig_embed

 

Ча Јун-Фат досега има добиено дури три награди во Хонгконг за најдобар актер и две тајвански награди Златен коњ. Тој е познат и во Америка, а тамошните медиуми го прогласија за најкул актер на целиот свет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button