Неверојатно деколте и имиџ со каков не сте ја виделе – Гавазова во новиот спот како никогаш досега
Пејачката во провокативно издание во новиот спот
Излезе новиот спот на познатата пејачка
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова го објави новиот спот за песната „Далавера“ кој би можела за кратко време да стане голем хит.
Нејзината песна „Бум бум“ важи за еден од најголемите македонски фолк-хитови во последните неколку години и има огромен број прегледи на платформата на Јутјуб, а многумина предвидуваат дека и новата песна би можела да биде подеднакво популарна.
Гавазова за оваа пригода неколку пати го промени имиџот, па можеме да ја видиме со кратка и виткана руса коса, но и со каубојски шешир на главата, додека на себе носи провокативни комбинации кои го истакнуваат нејзиното раскошно деколте со кое пејачката и овој пат никого не остави рамнодушен.
Принтскрин/ Јутјуб
Имено Гавазова досега сме имале прилика да ја пратиме во нејзините различни промени на имиџот, но овој пат на снимањето на спотот навистина се надмина самата себеси и се појави во потполно поинакво издание во какво ја немаме видено досега.
Принтскрин/ Јутјуб
И ако судиме според коментарите, на фановите на Гавазова им се допаѓа многу и оваа песна, па сите веќе прогнозираат голем успех. Што се однесува до нејзиниот провокативен изглед, секако дека и за него доби голем број комплименти од својата војска фанови, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Принтскрин/ Јутјуб
Инаку, спотот е снимен во соработка со ИН продукција, а со истата песна Гавазова настапи и на Роса фест.
Принтскрин/ Јутјуб
Таа моментално се подготвува за турнеја во Австралија на која се очекува да руши рекорди бидејќи уште додека не беше објавена за дел од нејзините настапи влезниците веќе беа распродадени.