НЕВЕРОЈАТНО: Дали сте биле во кафулето каде што нарачките се бесплатни?!
Токму така, колку и да ви звучи чудно овде нарачките се бесплатни.

Дали сте слушнале за кафулето „Звуците на срцето“ прекрасно мало симаптично место, навидум скромно од надвор, но внатре е едно урбано модерно кафуле кое што има оригинален концепт.

Кога ќе седнете ќе забележите дека нема ценовник на менито. Дали тоа значи дека е бесплатно?

Токму така, колку и да ви звучи чудно овде нарачките се бесплатни. Поточно на секоја маса има кутија во форма на срце и гостите оставаат онолку колку што сакаат пари(бакшиш).

Ова место е посебно и по тоа што во него работат само лица со посебни потреби,. Од келнер, до тој што ќе ви ја приготви нарачката, токму затоа концептот е предвиден гостите да остават доброволно колку што милуваат толку пари.

Гламур.мк го забележа ова место на инстаграм, еден млад инфлуенсер од Србија направил рилс (видео) на својот инстаграм-профил, неговото видео стана вирално. Има 2 милиона прегледи и илјадници лајкови.

Откако Лука го посетил местото се воодушевил од целата идеја.
– Нарачав лимонада, но чекај, овде нема цена. Дали тоа значи дека лимонадата е бесплатна? Услугат беше брза и коректна, а лимонадата уште подобра, вели Лука.

Тој додава дека услогата била многу брза и дека вработените биле максимално љубезни. Но како ли опстојува ова место?!

Вработените самите изработуваат ракотворби со нивни уникатни цртежи и ги продаваат, па така покрај тоа што ќе се напиете нешто можете да си купите и некој подарок.

Ова место е голема атракција за туристите.

„Звуците на срцето“ е кафуле кое се наоѓа во Белград. Доколку патот ве носи во српската престолнина не го одминувајте овој магичен локал на градот.



 



