Реклама
LIFESTYLEВирално

Неверојатно видео – жена плива заедно со огромна бела ајкула

Реклама

Во близина на хавајскиот остров Оаху, нуркачите ангажирани во проучувањето на ајкулите имаа блиска средба со една голема бела ајкула, која се смета за една од најголемите ајкули која некогаш била забележана.

Двајца истражувачи по средбата со најголемата ајкула побараа закон кој ќе ги штитат ајкулите во сојузната американска држава Хаваи, објави АП.

Маркетинг

Истражувачот и конзерватор Осун Ремзи за АП изјави дека во вторникот се запознала со голема бела ајкула долга шест метри која пливала покрај мртов кит на хавајскиот остров Оаху. Настанот беше фотографиран и објавен на социјални мрежи од нејзиниот свршеник и деловен партнер Хуан Олифант.

Олифант рече дека не е сигурен дали станува збор за познатата ајкула “Big Blue”, за која се верува дека е најголемата бела ајкула што некогаш била видена.

Маркетинг

Ремзиев, кој ја предводи компанијата за нуркање и истражување во морските длабочини “Олифант”, изјави дека бара одобрување на закон за забрана за убивање на ајкули на Хаваи.

Таа додаде дека фотографиите покажуваат како пливањето со огромна бела ајкула докажува дека овие предатори треба да бидат заштитени и дека луѓето не треба да се плашат.

 

Осун Ремзи, не им препорачува на луѓето да пливаат со ајкули и наведува дека треба долга обука и проучување за однесувањето на овие животни, она што нејзината компанија го прави.

Ајкулите не се заштитени на федерално ниво во САД

Идејата дека тие ги сметаат луѓето за извор на храна е бесмислена, ваквото негативно размислување во крајна линија води до уништување на овие животни кои се потребни за одржување на здрав морски екосистем, велат истражувачите Ремзиев и Олифант.

Поврзано

Back to top button