НЕВЕРОЈАТНА фотографија-ИСУС ја „држи“ месечината во раце!
По три години бразилскиот фотограф конечно го овековечил посакуваниот момент
Бразилскиот фотограф, Леонардо Сенс, конечно ја направил долго посакуваната фотографија од статуата на Спасителот Исус Христос, како со двете раце ја држи месечината, пренесува „Дејли меил“.
Најпосле сè излезе под најдобар ред, „коцките се наместија“ и јас имав, конечно можност да го овековечам моментот што долго го посакував, изјави Сенс за бразилските медиуми.
Овој уметник се мачел цели три години за да го постигне посакуваниот ефект.
Оваа фотогарфија Сенс ја овековечил во неделата во Рио де Жанеиро, поточно на плажата Икараи , која е одалечена 11 километри од познатата статуа.
Виралната фотографија ја прикажува речиси 30 метри високата статуа на Исус издигната на планината Корковадо во националниот парк Тијука. Моментот плени и не го остава никого рамнодушен, се чини како Божјиот човек со двете раце да го држи месечевиот „портокал“.
Сенс направил безброј обиди во последните три години, па така и претходниот ден, во саботата го „наострил “објективот пред посакуваната цел, но облаците ја покриле месечината и морал да ја спакува опремата и да се врати дома.Секако, тоа не го натерало да се откаже.
Пристигнал во неделата, но и тогаш не било се’ како што очекувал, временските услови му ги промениле плановите.
Отидов многу рано пред месечината да зајде, се наместив и го чекав вистинскиот момент, морав неколку пати да се поместувам.
Откако ја објави сликата на Инстаграм таа стана вирална на светско ниво, од секунда во секунда се множат лајковите и прекрасните коменатри.
View this post on Instagram
Како ви се допаѓа на вас ова уметничко дело?