Реклама
Нега и здравје

Неверојатна трансформација – симпатичната Дру Баримур на Инстаграм се пофали со фантастично губење на килограмите

Реклама

Холивудската ѕвезда Дру Баримор откри како успеала да стопи повеќе од 11 килограми. Имено, таа не чекаше да дојде Нова година да донесе одлука со цел да ги промени работите што ѝ пречат во животот.

Таа ја сподели својата трансформација преку Инстаграм со обожавателите и откри како изгледа губењето на вишокот килограми.

Маркетинг

Ако мислите дека нејзе единствена алатка што и помогнала за брзо време да изгуби 11 килограми беше некакво магично стапче, ќе мора да ве разочараме. Во текот на три месеци актерка фундаментално го промени начинот на исхрана, но, исто така, се посвети и на интензивно вежбање. Таа откри и каква улога играат социјалните мрежи во сето ова.

„Кога ќе го погледнам Инстаграм, ќе помислам како би требало да бидам најдобрата можна верзија на себе, но во поголемиот дел од времето ми недостига конзистентноста”, пишува таа, додавајќи дека поради таа причина одлучила да побара помош од „вистинските луѓе”, односно од лица кои ќе и помогнат да остане доследна на овој пат.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BroKJo2Hphc/?utm_source=ig_embed

Имено, нејзе и помогната актерка и фитнес инструкторката, Марни Алтон. Таа призна дека ова патување за неа било исклучително тешко, но е задоволна со конечните резултати, па на нејзиниот профил на Инстаграм одлучи да се пофали со неверојатната трансформација.

За губење на повеќе од 11 килограми нејзе и требаше повеќе од три месеци, но признава дека пред неа дури сега е најтешкиот дел – одржување на телесната тежина. Таа додава дека премногу сака храна, а и генетиката не е на нејзината страна, па затоа често за време на паузите од снимањето премногу се опушта и го враќа вишокот килограми.

Но, сега за прв пат знае како да го контролира своето тело и да ги најде вистинските луѓе на кои секогаш може да им се обрати ако има потреба од мотивација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button