Неверојатна трансформација, ова никој не го очекуваше од неа – Цеца Ражнатовиќ во најубавото издание што сме го виделе досега
Цеца се појави пред студиото и сите веднаш ја забележаа неверојатната промена…
Пејачката едноставно никого не остави рамнодушен како со провокативниот стајлинг, така и со промената што ја направи на својата коса…
Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ги изненади сите со своето последно издание во „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката пред студиото се појави со нова фризура, но и во необично издание со кое ги воодушеви сите.
Таа едноставно никого не остави рамнодушен како со провокативниот стајлинг, така и со промената што ја направи на својата коса.
Имено, Цеца овој пат на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ наместо фустан избра „оверсајз“ сако со необични и впечатливи ракави кое целосно беше покриено со светки, а под кое носеше шорц кој одвај се познаваше. Таа целото издание го „зачини“ со длабоки чизми во впечатлива розова боја и мал плико чанта во истата нијанса, а стајлингот дополнително го „подигна“ со својата нова, тренди фризура.
Нејзината темна коса овој пат беше осветлена со неколку нијанси, а потоа и свиткана во нежни локни.
Посветлите тонови го освежија нејзиното лице, а промената предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
„Цеца никогаш не изгледала поубаво“, „Светлата нијанса подобро и стои од темната“, „Грми“, „Ова е пол погодок“, беа само некои од коментарите што пејачката ги доби под својата објава на Инстаграм.
Како Цеца изгледаше во ова свое издание и како и стои новата фризура погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ