Неверојатна трансформација на Цаци од Сител – во вакво издание не сте ја виделе досега
Еден капут, две различни комбинации
Навистина ретко ја гледаме во вакво издание
Една од нашите најпознати новинарки и телевизиски водителки, Славица Арсова, ги изненади сите со своите последни фотки.
Познатата водителка ретко објавува фотки на социјалните мрежи, но овој пат покажа како ужива на едно свое патување.
Но овој пат наместо да е максимално средена во своите изданија со кои се појавува на нашите мали ТВ екрани, таа покажа како изгледа во своите поопуштени варијанти и повторно ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
На една од фотографиите Цаци носи широки фармерки, бела ролка и сивкаст капут кој совршено го вклопи во целото издание.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
Таа едноставно пленеше со ваквиот нејзин стајлинг во кој навистина ретко ја гледаме и со кој ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
А така беше и со следната нејзина фотка, но овој пат од Хрватска, каде исто така позираше во лежерно издание.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
Имено, Цаци и во Словенија го носеше истиот капут и чизмички, но овој пат во потполно поинаква комбинација.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
Наместо сини фармерки, таа сега носеше црни панталони и црно сако, а целото издание го заокружи со коса врзана во пунџа.
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова
Па во кое од овие две интересни есенски изданија нашата позната водителка ви се допадна повеќе, во првото или второто?