Реклама
Наши ѕвезди

Неверојатна трансформација на снаата на Цеца – погледнете како изгледала сопругата на Вељко пред пластичните интервенции

Реклама

Никој не би ја препознал

Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ

Бремената Богдана Ражнатовиќ, моминско Родиќ, стана позната во јавноста благодарение на врската со Вељко, синот на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Сепак, пред да стане негова сопруга, Богдана имаше светла иднина во кошарката, која реши да ја прекине поради тешка повреда.

Од тогаш, Богдана поприлично се промени, а тоа можеме да го видиме и од нејзините стари фотографии.

Маркетинг

Имено, од нив може да се забележи дека Богдана имала естетска интервенција на усните, но се забележува и промена во обликот на нејзините веѓи, заради што денес изгледа многу поразлично од следната фотографија, а за многумина речиси и потполно непрепознатливо.

Во продолжение погледнете како изгледа сега, но и како изгледала пред неколку години.

Маркетинг
Приватна архива

Инаку, Вељко и Богдана поради пандемијата со корона вирусот поминаа два месеци во нејзиното родно место, а во текот на неделата ќе се вратат во вилата во Дедиње.

Приватна архива

„Богдана влезе во деветтиот месец од бременоста и сака да дојде во Белград за да се породи таму. Кога Цеца го слушна ова, побрза да го исчисти својот дом што е можно поскоро. Таа ангажирала дополнителен персонал за темелно дезинфицирање на вилата од подот до таванот“ вели извор близок до пејачката и додава:

Приватна архива

„Цеца се грижи за Богдана уште од првиот ден. Тие честопати останувале сами во куќата, а Богдана ја воодушевила својата свекрва, затоа што не се однесувала како разгалена трудница, туку честопати и самата чистела и подготвувала ручеци. Бидејќи два месеци се разделени, Цеца е желна Богдана да се врати во вилата и постојано ни кажува дека одвај чека да стане баба и дека ќе го разгали нејзиниот внук“ вели изворот за медиумите, а пренесе Нови.ба.

Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ

Богдана и кошарката

Иако за приватниот живот на госпоѓа Ражнатовиќ малку се знае, познато е дека претходно се занимаваше со кошарка и беше многу успешна во овој спорт.

Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ

Беше дел од јуниорската репрезентација на Србија која во Вуковар во 2013 година освои бронзен медал на Европското првенство. Две години подоцна со екипата Радивој Кораќ ја освои тутулата првак во Србија во кошарка. Истата година Богдана со Кораќ беше вицепрвак на женската регионална лига и финалист на Купот Милан Цига Васојевиќ. Во текот на кариерата имаше две тешки повреди на коленото, но тоа не ја спречуваше да се врати како победник.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button