Неверојатна трансформација на актерката од серијата „Модерно семејство“ – ја промени бојата на косата и ги воодушеви сите
Симпатичната американска актерка Ариел Винтер, ѕвездата на хит-серијата „Модерно семејство”, се пофали на Инстаграм со промена на имиџот и ги воодушеви сите.
Ариел ја бојадиса својата коса во портокалово поради што ги потсети фановите на својата имењачка Ариел, хероината на Дизни од „Малата сирена”.
И таа самата се реферираше на овој познат цртан филм, па покрај фотографиите со новата фризура напиша стих од неговиот „саундтрак“.
Драстичната промена во нејзиниот имиџ некои од нејзините обожаватели успеа и да ги збуни па така можевме да прочитаме и коментари како што се „Чекај, јас сум збунет – дали си ова ти?” или: „Мислев дека е Бела Торн” …
Сепак оние што не се збунија се воодушевени „Изгледаш толку добро”, „Изгледаш неверојатно”, „Леле, јас сум опседнат со твојата нова боја”, „Совршено“ го фалеа нејзиниот изглед обожавателите. А имаше и такви кои забележаа дека актерката поприлично ослабнала „Прифати ги своите облини, не им стои на сите слабиот изглед“, „Изгледаш многу послабо“, коментираа тие под фотографиите.
https://www.instagram.com/p/BpdSEtsAqQw/?utm_source=ig_embed
Ариел за Ноќта не вештерките минатата година ја проба и русата боја (како Памела Андерсон), но само со перика, а досега секогаш се држеше до црната боја по која е препознатлив и нејзиниот лик Алекс Данфи во популарната серија.
„Ќе биде ли сега и Алекс портокалова во серијата?“, ја прашаа отворено некои обожаватели.
Па, како ви се допаѓа Ариел повеќе – со црвена или црна коса?