Неверојатна сличност – синот на Дани Димитровска е копија на мама. Погледнете како изгледа во матурско издание
18-годишниот син на Дани кој годинава е матурант е копија на мама. Погледнете и уверете се самите.
Пејачката Дани Димитровска е горда на својот син Лазар кој оваа година е матурант. Таа во интервју за Гламур изјави дека e мошне блиска со својот син и дека ужива во улогата на мајка, но и дека не замара премногу туку служи за советување и да му даде љубов. Гордата мама деновиве објави и фотографии на кои позира со синот и ги воодушеви сите.
И двајцата се видно расположени, а селфито е настанато по повод неговата матура по што следуваше коментар од страна на Дани, но и бројни комплименти и честитки од корисниците на социјалните мрежи за мајката и синот.
„Кога ја пеам ‘Свети’ на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето…во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта.. Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе.. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив ❤️ Матура #checkedout“, напиша Дани под фотографиите.
Инаку, сличноста помеѓу родителите и децата некогаш може да биде неверојатна, а еден таков пример се токму Дани и Лазар.
Имено, тој уште од самото раѓање е копија на мама, а како годините минуваат, нивната сличност е се поголема.
А на оваа фотографија на која мама Дани позира со својот матурант гимназијалец тоа најдобро се гледа.
Па еве честитки и од нас со следната песна …
Интервјуто со Дани можете да го прочитате тука …