За ова издание на Цеца се уште се зборува
Во прашање е раскошен фустан во страсна црвена боја во кој познатата пејачка изгледаше како божица и одлично и стои.
Цеца доби бројни комплименти на социјалните мрежи откако ја објави фотографијата на која позира во овој фустан.
Но она што е најинтересно, а што нејзините обожаватели го забележаа, е тоа што и светската музичка ѕвезда Бијонсе неодамна се прошета во фустан кој е многу сличен со оној што го носеше Цеца пред неколку месеци.
Покрај раскошниот дезен и бојата, сличен е и кројот, само што моделот што го носи Бијонсе е асиметричен во горниот дел, односно со едно раме, додека фустанот на Цеца е со потполно отворено деколте.
Инаку, Цеца важи за дама која најчесто преферира елегантни и женствени модни изданија, кои совршено стојат на нејзиното тело. Нејзиниот стил е модерен и класичен, но таа не ретко знае да исплови од сигурните води и да заигра на картата на сексапилот. И тоа секогаш го прави суптилно и без грешка, без разлика дали е во прашање должината на фустанот со која во центарот на вниманието ги става нејзините нозе или пак акцентот е на горниот дел, кога изгледа неодоливо благодарение на нејзиното раскошно деколте.
Фустанот што го носи Бијонсе е со потписот на Александер Меквин, додека гламурозното издание на Цеца е од „Disco Label“, брендот на познатата пејачка Марина Висковиќ.
Па, на која и стои поубаво оваа раскошна тоалета?