Неверојатна прослава во куќата на нашата позната пејачка – погледнете го раскошниот двор и големиот базен
Пејачката Сара Мејс заедно со сопругот Димитар Атанасовски му го прославија вториот роденден на синот Кирил, а сега објавија нови детали од прославата
Познатaта пејачка приреди гала забава покрај базенот во семејната куќа, а причината за овој настан беше посебна
Имено, пејачката Сара Мејс зaедно со сопругот, познатиот македонски водител Димитар Атанасовски, и во друштво на семејството и пријателите го прослави вториот роденден на нивниот син Кирил.
И бидејќи журките на пејачката се познати по добра атмосфера, очигледно ни овој пат не изостана добрата забава посебно што повод за прославата беше една вака убава причина, па Сара беше и поприлично емотивна во своите објави.
Инстаграм/ Сара Мејс
Имено, Сара роденденот на Кирил го прослави во раскошниот двор во куќата во која што живее со сопругот и децата.
Инстаграм/ Сара Мејс
Тие на ова место имаат голем базен, па забавата беше веднаш покрај базенот, а славеникот беше посебно дотеран за оваа пригода.
Инстаграм/ Сара Мејс
Од друга страна и Сара со својот изглед, кој го донесе до перфекција, ги воодушеви сите со своето тренди издание.
Инстаграм/ Сара Мејс
Пејачката во последно време често мами воздишки со своите објави на Инстаграм, а впрочем така беше и овој пат.
Таа носеше куси црни шорцеви и рок маичка, а целото издание го зачини со црни моторџиски чизми со жолти врвки.
Инстаграм/ Сара Мејс
Моторџиски беше облечен и нејзиниот сопруг, но и главниот јунак на прославата, Кирил, како и неговата сестричка Илина.
Повеќе детали од овие незаборавни моменти полни со љубов и топење, погледнете од галеријата во продолжение….
Инстаграм/ Сара Мејс
Потсетуваме, Сара и Димитар неодамна се вратија од нивниот одмор во Хургада каде сите фатија убава боичка.
Инстаграм/ Сара Мејс
Тоа посебно можевме да го видиме на фотографиите на кои Сара е во костим за капење, а со кои ги воодушеви сите.
Повеќе за ова прочитајте тука, а како Сара изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…