Неверојатна промена: Пејачката драстично ослабе по породувањето – ги остави сите со подзинати усти
Кели Озборн изгледаше самоуверено додека гостуваше во телевизиското шоу Beat Shazam на социјалните мрежи во вторникот.
Новопечената мајка (38), која го роди својот син Сидни пред шест месеци, беше облечена во виолетово одело и светло розова кошула за нејзиното појавување на натпреварот „Фокс Нетворк“.
Актерката од Sharknado 2 се појави со високи потпетици украсени со пердуви.
Нејзината долга коса ја обоила во виолетова нијанса со сребрени детали.
Овој пат се одлучила за природна шминка и неутрална боја на устата.
Кели Озборн е британска пејачка и текстописец, актерка, телевизиска личност и моден дизајнер.
Таа е ќерка на Ози и Шерон Озборн, позната по појавувањето во реалното шоу на нивното семејство Озборнс, кое им ја донесе наградата Еми во 2002 година.
Таа исто така беше водителка на шоуто Fashion Police и учесник во американската верзија на шоуто Танц со ѕвездите, каде што го освои третото место со нејзиниот партнер Луис ван Амстел во 2009 година.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин