Неверојатна глетка што ја воодушеви планетата: Се отвори земјата и откри богатство од минатото (ФОТО)
Мозаикот е пронајден неколку метри од лозје и тоа само недела дена откако е продолжено со ископувањето. По откритието во 1922 година, кога првпат е откриено дека крај Верона постоела римска вила, за која се верува дека потекнува од третиот век, ископувањата се речиси запрени.
Локацијата во најголем дел е напуштена и заборавена, а минатото лето екипи археолози од Верона продолжија со ископувањата. Се вратија на локација во октомври и повторно во февруари, а потоа поради коронавирусот повторно се прекинати.
Недела дена откако се вратија на работа, го открија мозаикот.
Властите во местото Неграр ди Валполичела каде што е откритието ги објавија овие фотографии на Фејсбук. По многу децении обиди и промашувања, сега е откопан дел од подот и темелите на римската вила северно од Верона, речиси 100 години после првичните откритија.
Надзорникот ќе разговара со сопствениците во тоа подрачје и со општината за да дојдат со најсоодветен начин ова археолошко богатство да се направи достапно за љубителите на археолошките истражувања.
Градоначалникот даде изјава за локалните медиуми и истакна дека верува дека новото заслужува внимание.