Реклама
Наши ѕвезди

Неверојатната љубовна приказна на Софија Лорен и Карло Понти: Никогаш повеќе нема да сакам некој друг!

Реклама

Легендарната италијанска актерка Софија Лорен, убавица чие име е синоним за елеганција, стил, убавина и женственост својот принц од соништата го пронајде во 22 години постариот Карло Понти.

Како се запознаа

Карло првпат ја виде својата идна невеста во 1950 година додека бил во жирито на италијанскиот натпревар „Мис Елеганца“. Иако тој тогаш бил женет и имал 37 година, а таа имала само 15, тоа била љубов на прв поглед.

Овој филмски продуцент кој потпиша многу филмски хитови, меѓу кои е и култниот „Доктор Живаго“ го испиша и почетокот на кариерата на Софија. Имено, благодарение на него, таа почна да учи англиски јазик и да се занимава со глума.

Маркетинг

Исто така, среди да си го смени името Софија Шикалоне во Софија Лорен и ѝ обезбеди серија филмски улоги.

Маркетинг

Првата венчавка

Седум години подоцна, на 17. септември 1957 година двојката ја официјализираше својата љубов. Веќе разделен од својата прва сопруга Џулијана, со која имаше син, познатиот филмски продуцент поднесе барање за развод на брак во Мексико и набрзо потоа се ожени за Софија. Младенците направија веселба дома.

Наредниот месец католичката црква го обвини Карло за бигамија и се утврди дека бракот со Софија нема да му биде признаен. Дури после години и годин влечкање по судови, обвинението е повлечено. Двојката немала друг избор туку да го поништи бракот и тоа го направиле во 1962 година.

Во освртот за нивниот прв обид за брак, Софија еднаш рече: „Ми се закануваа со екскомуникација, пекол, а зошто? Се вљубив во човек чиј брак одамна пред тоа беше завршен. Сакав да му бидам жена и да имам деца со него. Направивме сѐ што е во наша моќ за да бидеме и официјално призната двојка, меѓутоа јавноста нѐ нарекуваше грешници и блудници. Наместо да сме среќни, медениот месец го поминав во солзи, плачев со часови“.

Втората венчавка

Откако конечно постигнале договор со Џулијана, разочарани од Италија, двојката се отсели во Франција и добија нивно државјанство, што му дозволи на Карло правно да бара развод и повторно да се ожени. Истата година, на 9. април – преубавата Софија и нејзиниот избраник со кого повеќе години беше во врска, конечно се венчаа во париската општина.

Периодот после

И покрај огромната разлика во годините (22 години), нивната љубов не слабееше со годините. Двојката доби две деца, синовите Карло Јуниор и Едуард. Во брак останаа повеќе од 50 години, сѐ до смртта на Понте, на 10. јануари 2007 година.
Две години по смртта на сопругот, кога ја прашаа Софија дали планира повторно да се омажи, одговори: „Не, никогаш повеќе, би било невозможно да сакам било кој друг“.

Филмска кариера

Кога во 1962 година освоила Оскар за италијанската воена драма „Чочара“, таа станала прва глумица во историјата која го добила „Оскарот“ надвор од англиското говорно подрачје, за улогата на Грофицата од Хонгконг. Во 1967 година, таа глумела во последниот филм кој го режирал Чарли Чаплин.

Последниот филм во кој глумела Лорен, на свои 80 години бил „Девет“ во 2009 година.

Освен „Оскар“, Софија Лорен освоила и пет награди „Златен глобус“, четири пати за најпопуларна женска ѕвезда, а еднаш за животно дело во областа на филмот.

Во 1995 година, списанието „Емпајер“ ја нарекол најпривлечна ѕвезда во филмската историја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button