На 83 години ќе стане татко, Ал Пачино руши рекорди!
Веста за бременоста доаѓа истиот месец кога неговиот долгогодишниот колега Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете

Славниот актер, Ал Пачино (83) ќе стане татко по четврти пат. Светските медиуми пишуваат дека неговата 29-годишна девојка, Нор Алфалах, е бремена.
Според порталот ТМЗ, славниот актер и неговата партнерка се само еден месец од пристигнувањето на принова во нивното семејство.
Актерот веќе ја има ќерката Џули (33) со поранешната девојка Јан Тарант, како и близнаците Оливија и Антон, двајцата 22 години, со актерката Беверли Д’Анџело.
Пачино и Алфала најпрво ги поттикнаа гласините дека се во врска откако беа забележани како одат на вечера минатиот април. За првпат од јавноста беа забележани на заедничка, романтична вечера.
Нур Алфалах и претходно била поврзувана со постари, славни личности. Нејзината последна позната врска со Мик Џегер заврши во 2017 година, а претходно беше поврзувана и со Клинт Иствуд.
Алфала е родена во Беверли Хилс, ја посетувала школата за театар, филм и телевизија UCLA, а подоцна продолжува со кариерата како продуцент.
Веста за бременоста доаѓа истиот месец кога неговиот долгогодишниот колега Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете со девојката Тифани Чен. Токму затоа, и Пачино се најде на насловните страници со веста дека ќе стане татко.
Што мислите вие, каков вкус за жени има Ал Пачино?