На 47 години прогласена за најубава жена на светот (фото)
Познатиот магазин „People“ неодамна ја прогласи актерката Џенифер Гарнер за најубава жена на светот.

Актерката позираше за насловната страница на списанието, без шминка и го убеди светот дека и на 47 години изгледа како божица. Таа е со години во филмската индустрија, па не ни беше тешко да најдеме фотографии од различни животни фази, улоги и години.
За свежиот и младешки изглед на прагот на петтата деценија сигурно се заслужни и нејзините деца, 13-годишната Виолет, 10-годишната Серафина и 7-годишниот Самуел, кои ги доби од бракот со поранешниот сопруг Бен Афлек.

Актерката вели дека на нејзините најблиски им е најубава кога
потполно природна и дека ретко се шминка.

„Штом ќе се вратам од некој настан или снимање, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да ја врзам косата во опашка и да ставам очила. Тоа им е омилено мое издание и за мене тоа е комплимент“, вели таа.




https://www.instagram.com/p/BtAJt3hlxsw/
https://www.instagram.com/p/BrQn0aNlquT/



