На 17 години започна бизнис во својот дом во Мокриево – погледнете како Марјан живее денес (фото)
Познатиот шминкер го прослави роденденот на едно од најубавите места на светот
Познатиот македонски стилист, Марјан Петров, го прослави својот 30-ти роденден и тоа на едно посебно место.
Марјан кој има луксузен салон во Струмица што го посетуваат бројни ѕвезди како од Македонија, така и од целиот Балкан, се огласи на социјалните мрежи и покажа детали од забавата.
Од неговите објави може да видиме дека Марјан роденденот го прослави во Париз во луксузен ресторан каде цела вечер славеше.
Инстаграм/ Марјан Петров
Тој сподели и снимка на која се гледа како келнерите му ја носат роденденската торта, но и како музичарите му свират на „увце“.
Инстаграм/ Марјан Петров
Следуваа бројни честитки од неговите пријатели и муштерики меѓу кои се и многу познати ѕвезди од регионот.
Инстаграм/ Марјан Петров
Потсетуваме, Марјан својата кариера како стилист ја започнува во своето родно село Мокриево кога на 17 години го отвора својот прв салон.
Инстаграм/ Марјан Петров
Овој салон тој го отвори во куќата на родителите, а откако истиот стана претесен за неговите бројни клиенти, тој го отвора својот голем салон во Струмица кој денес важи за еден од најпознатите во регионот.
Инстаграм/ Марјан Петров
Денес тој не само што работи со бројни ѕвезди од регионот, со некои од нив е и многу близок пријател (Слаѓа Алегро и Јелена Томашевиќ на пример), а неодамна беше и гостин на Модната недела во Париз, каде како почесен гостин на ревијата на светски познатиот бренд Казабланка имаше чест да седи во првите редови.
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Очигледно понесен од добрата енергија на Градот на светлината Марјан решава тука да го прослави и својот 30-ти роденден.
Инстаграм/ Марјан Петров
Повеќе детали од прославата, но и неколку фотографии на кои Марјан е со најголемите балкански ѕвезди, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров
Инстаграм/ Марјан Петров