На црвениот килим сите гледаа во нејзините долги нозе
Една од најзначајните ноќи во Холивуд секако не помина без Кејтлин Џенер, која во кратка, сјајна облека покажа долги, витки нозе.
Поранешниот олимпиец е роден како Вилијам Брус Џенер, а во 2015 година откри дека е трансродна личност. Потоа тој го промени полот и стана жена, и оттогаш може да се види во женски модни парчиња кои откриваат дека е во исклучително добра форма и тоа на возраст од 70 години.
Еве како ја одржува својата форма.
https://www.instagram.com/p/Bpcf_vyhqgf/?utm_source=ig_embed
Игра голф
Според весникот Golf Digest, Кејтлин е неверојатно добра во голф со години, а исто така учествувала и на бројни турнири.
https://www.instagram.com/p/Bbhg7A8H2d4/?utm_source=ig_embed
Сака долги прошетки
Кејтлин живее во Малибу каде рано наутро го изнесува своето куче и се шетаат по долгите пешачки патеки.
https://www.instagram.com/p/Be6twcNnw03/?utm_source=ig_embed
Промена на исхраната
Us Weekly пишува дека по промената на полот, Кејтлин месото го замени со соја и почна да консумира помали порции храна.
https://www.instagram.com/p/BV5iY2cBXVB/?utm_source=ig_embed
Сака јавање
Неговата ќерка Кендал е вљубена во јавањето, а нејзиниот интерес за ова хоби е наследен од нејзиниот татко.
Инаку, по доделувањето на Оскарите Кејтлин Џенер на традиционалната забава на „Vanity Fair” позираше токму со нејзината ќерка, манекенката Кендал Џенер.
Познатата ријалити ѕвезда и манекенка за овој настан избра фустан кој повеќе открива отколку што покрива, па многумина ја прогласија за дама со најпровокативното издание на црвениот килим во ноќта на Оскарите.