Реклама
Вирално

На улица сте во 16 часот и една минута – еве што ќе се случи ако ве фати полиција

Реклама

Против сите оние кои, без соодветно одобрение, се утврди повреда на оваа наредба, ќе бидат преземени законски мерки.

Полицијата будно следи дали се почитува забраната за движење по 16 часот во сабота и недела и забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот во текот на неделата (со тоа што лицата од 67 години смеат да се движат само од 5 часот наутро до 11 часот, a младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот). Полицијата исто така преку контролни пунктови ја следи и забраната и посебниот режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.

Маркетинг

Полицијата во Македонија на неколку места во земјава врши зголемена контрола на полицискиот час.

Секој што ќе се најде на улица во 16 часот и 1 една минута, без разлика дали е во автомобилот или надвор од него, му приоѓа полицијата и следуваат соодветни мерки.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Министерство за внатрешни работи

Во овој поглед, Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги повикува граѓаните да бидат одговорни пред себе и кон другите и да ги почитуваат решенијата на Владата на Македонија и да останат дома за да го заштитат своето здравје и здравјето на нивните сограѓани. Премиерот Оливер Спасовски изјави дека против секој кој, без соодветно одобрение, ќе се најде во кршење на оваа наредба, ќе бидат преземени законски мерки и ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски.

Фото: Фејсбук/ Министерство за внатрешни работи

Во меѓувреме владата донесе измени на уредбата за ограничено движење за да им излезе во пресрет на сопствениците на домашни миленици.

Со овие измени и дополнувања се утврдува дека за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, како што предлага Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Владата исто така напоменува дека понатаму важат сите претходните ограничувања, меѓу кои и забраната за групирање на повеќе луѓе на едно место.

Во Куманово посебен режим

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Фото: Фејсбук/ Министерство за внатрешни работи

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната во општина Куманово важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Мерките имаат важност 30 дена

Според министерката Рената Дескоска никој веќе нема дилеми дека настапија околности од чл 125 од Уставот за прогласување вонредна состојба, која има важност најмногу 30 дена. Ако ситуацијата се смири, таа ќе биде прекината, ако продолжи пандемијата, ќе има продолжување, вели таа.

Фото: Фејсбук/ Министерство за внатрешни работи

– Самото прогласување на вонредна состојба не значи органичување на човековите права, но исто така сакам да укажам дека има уставна можност за ограничување на слободите и правата на човекот доколку има таква потреба. Граѓаните треба да знаат дека ниедно ограничување не смее да би биде дискриминаторско. Во услови на вонредна состојба, ограничувањето не смее да се однесува ни на правото на живот, на мачење, на правна одреденост на казните, уверување, совест, мисла, јавно изразување мисла и вероисповед. Наша заложба е ограничувањата да бидат само во нужни околности. Затоа апелирам сите доброволно и совесно да ги почитуваме мерките на Министерството за здравство и на владата, за да нема построги ограничувања. Сакам да потенцирам дека самото прогласување вонредна состојба не значи забрана на движење, полициски час или затворање продавници. Важат мерките кои до сега се донесени од Владата. Практично, исто е како пред воведување вонредна состојба, само што сега Владата има поголеми надлежности – кажа Дескоска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button