На среќата ѝ нема крај: Благој Бочварски славеше во друштво на овие две убавици
Фотографија која ќе ви ја згрее душата.
Бочварки позираше во друштво на своите две убавици.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е роден во Штип, каде завршил основно и средно училиште, а дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Тој во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието, а од 2017 година стана градоначалник на Штип, се до парламентарните избори во 2020 година, кога од 30 август почна да ја извршува министерската функција.
До пред извесно време важеше за најпосакуван ерген во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Пред две години заплови во брачните води со неговата сакана Маринела Серафимова.
Маринела е 12 години помлада од министерот и исто така од Штип, а по професија е дипломиран доктор по општа медицина.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
На нивната свадба присуствуваа познати личности, многу колеги и најблиските на парот.
Минатата година им се исполни најголемата желба – Благој и Марина станаа родители.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Во август 2023 година им се роди нивното прво дете, ќерката Бјанка.
Оттогаш нивното секојдневие се исполни со многу среќа и насмевки.
На големиот христијански праник Благовештение или Благовец, министерот славеше именден.
ФОТО: Инстаграм / Благој Бочварски
Овој ден тој го прослави аедно со своите две убавици, ќерката и сопругата, како и со најблиските од семејството.
Министерот им го честиташе празникот на сите граѓани:
„За многу години христијанскиот празник Благовештение-Благовец, нека ни донесе мир и спокојство, здравје и среќа на сите“, напиша тој.