На снаата на Брена и попуштија кочниците?! Публиката ШОКИРАНА, пејачката настапи во невидено издание
Ова беше шок за многумина, посебно за оние што беа во првите редови
Пејачката Александра Пријовиќ го објави новиот албум и за само неколку дена се најде на врвот на многу музички листи.
Нејзините нови песни веќе се хитови во регионот, а пејачката не крие колку е горда на постигнатиот успех.
Таа имаше концерт во преполната белградска Арена, па закажа уште еден, а и постојно настапува ширум регионот.
На социјалните мрежи сега „исплива“ еден нејзин настап кога пред публиката се појави во едно мошне провокативно издание.
Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ
Таа на себе носеше црн фустан кој личи како пејачката да носи боди – во горниот дел потсетува на топ, додека долниот дел е составен од „гаќички“ преку кои се протега долга лента во истата боја.
Пејачката со ова издание атмосферата ја донесе до лудило, а снимките преку ноќ станаа вирални на социјалните мрежи.
Ovako se peva pesma koja je izasla pre dve nedelje 🌟 #caosvima #aleksandraprijovic pic.twitter.com/Gpe7fSOzVM
— Sve je LEGITIMNO (@sabotiramm) July 16, 2023
Инаку, Пријовиќ и пред само неколку дена ги изненади сите кога објави неколку фотографии на кои позираше со својата мајка Борка.
Тие тогаш направија селфи од градскиот базен, а фановите беа изненадени што изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.
Kidaj zvezdetinooo 🔥❤️ #aleksandraprijovic #caosvima pic.twitter.com/Hl2z3iBTOF
— Sve je LEGITIMNO (@sabotiramm) July 16, 2023
Борка со своите 49 години никого не остави рамнодушен со ова свое издание, па пејачката и тогаш доби бројни пофални коментари.
Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ
Имено, и нејзината мајка порано беше пејачка, но таа реши да ја остави својата кариера и да помогне во кариерата на својата ќерка.
Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ
„Мама со години пееше, кога почнав да се натпреварувам таа се откажа од пеење и одлучи да ме поддржи максимално. Ја остави својата работа. Јас утре би го направила истото за своето дете. Само моето дете е важно“, изјави Александра за својата мајка во една пригода.