На Сергеј му „пукнa душичката“, кажа дека баба му на Боки 13 му оставила материјални добра
Стилистот Сергеј Варошлија, кој е долгогодишен пријател на Бојан Јовановски,а беше и вработен во 1 ТВ се појави како сведок во случајот “Рекет”.
Тој истакна дека баба му на Боки му оставила материјални добра за финансиски да го обезбеди, но не откри за што се работи бидејќи тоа биле лични работи.
Варошлија пред судот рече дека повеќе од 15 години го познава Боки 13.
„Работам како стилист, шминкер и фризер и соработував со Јовановски. тој во 2012 година се врати од Белград и тогаш стана некако модно освестен и среќаваше луѓе од модниот бизнис. Соработуваше со ‘Версаче‘ и други познати модни куќи кои го бараа бидејќи сакаа луѓе кои се различни, кои не се досадни, а Бојан беше токму таков, беше сѐ само не досаден лик. Често му подаруваа и облека.
Соработувавме и професионално кога јас се вработив во 1ТВ и бев заштитно лице на телевизијата. Правниот сектор го водеше Лазар Јанев, Ана Камчева ми беше клиентка, а Зоран Милевски го знам прво од град, а потоа и откако дојде во 1ТВ и почна приватно да се дружи со нас“, сведочеше Варошлија.