Реклама
LIFESTYLEВирално

На семејство од Босна им изгоре куќата, цело село се собра и им помогна да ја обноват

Реклама

Граѓаните од селото Врша кај Сански Мост во Босна и Херцеговина покажаа исклучително хуманост и солидарност и изградија нов покрив за време на викендот во домот на семејството Зулиќ чија куќата изгоре во голем пожар.

Според Адмир Велиќ, еден од организаторите на акцијата, сите селани дојдоа на помош, а по собирањето на пари и купување на градежни материјали, организираа заедничка акција.

Маркетинг

„Најважно е да се направи нов покрив. Им благодарам на сите што придонесоа за оваа акција, но нема да запреме тука, бидејќи е неопходно да се врати сето она што беше изгорено во оган, така што ова семејство ќе има нормални услови за живеење – рече Велич.

Куќата им припаѓа на Шефику и Сафија Зулиќ, кој живеат со нивниот малолетен син, татко и мајка на сопственикот на куќата.

Маркетинг

Зулиќ рече дека во пожарот што избувна во утринските часови, изгорело се што го створиле во текот на годините. Пожарот избувна откако запалиле оган на горниот кат, по што искрата од шпоретот го запалила тепихот и настанал пожар.

Пожарникарите брзо дојдоа но покривот и горниот кат на куќата беа целосно изгорени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button