На село е најубаво – погледнете како фолк-пејачот Спасен Силјаноски ужива со дечињата од неговото маало
Од дома нема поубаво, па дури и за ѕвезда како Спасен
Пејачот со видеото ги воодушеви своите бројни фанови
Спасен Силјаноски важи за еден од омилените пејачи како во Македонија, така и кај нашинците во дијаспората.
Тој во последно време речиси и да нема слободен ден, а да не настапува некаде. Така беше и за празничниот период кога имаше набиена агенда, од Егејска Македонија, па се до Америка, а кога се врати во своето родно место, веднаш објави фотографија и го напиша следново:
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
„Кога ви кажувам дека на село е најубаво“, напиша тој на фотографијата на која се санка заедно со дечињата и ужива во снегот.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
По оваа фотографија Спасен објави и едно видео направено за празникот Водици, во домот на неговите родители.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Од видеото може да се види како тој ги пречека своите кумови со песна, па сите заедно запеаја додека Спасен свиреше на хармоника.
Инаку, Спасен не крие дека најголем ќеиф има кога пее со неговиот татко, а ова до сега неколку пати го има истакнато.
Фото: Фејсбук/ Спасен Силјаноски
Како што самиот изјави во една пригода од него научил и да пее, и да се весели и да љуби, а повеќе за ова прочитајте тука.