О, елен, погледнете што се случи на оваа свадбена фотосесија.
На романтичната фотосесија на оваа двојка се појави непоканет гостин кој ја направи сликата потполно уникатна.
Многу парови би платиле за да дбојат вакви фотографии на кои за Меган и Лука им излегоа сосема случајно. Фотографот Лоренда Бенет која е самоук фотограф од 5 години, откри за Bored Panda’s дека фотосесијата со еленот е целосно непланирана.
„Невестата сакаше фотографиите да бидат едноставни на едно поле, на кое се одржуваше и нивната церемонија и прием, па тргнавме по вечерата за да се фотографираме. Тој ден беше многу облачно и немавме доволно светлина, но она што се случи наместо тоа, добивме неочекуван гостин кој донесе голема светлина на фотографиите “.
Фотографот продолжи: „Кога стигнавме на теренот, го видовме. Си пасеше зад една бела ограда и веднаш штом не здогледа тој отиде точно до Морган и Лука. Тој беше многу заинтересиран за букетот на Морган и без никакво двоумење, веднаш излезе од оградата, за да ги проба нејзините убави цвеќиња.
Извлекуваше една по една од розите. Морган и Лук го кренаа букетот неколку пати , а тој скокаше по нив. На крајот, Морган го спушта букетот, и му дозовил на еленот да биде дел од нивната љубовна фотосесија “.
Фото: Лоренда Бенет