На Сања Николиќ и се насолзија очите додека го слушаше Слаткар како ги посветува наградите на неговиот починат татко (видео)
Камерите ја забележаа Сања Николиќ со насолзени очи додека Слаткар зборуваше за неговиот татко кој почина минатата година.
Марко Маринковиќ – Слаткар си замина со две награди од Златна Бубамара на популарноста и тоа за „Видео спот на годината“ и „Интернационален успех“. Тој наградитеги посвети на својот татко Боривоје Маринковиќ кој почина минатата година, а во обраќање изрази благодарност и до неговата мајка Лилјана, целиот тим со кој соработува, но и до неговата сопруга, поранешната манекенка и модел Сања Николиќ која очигледно не можеше да остане рамнодушна на неговиот говор па камерите ја фатија со насолзени очи.
https://www.youtube.com/watch?v=_GiHH6ajtV8
Инаку, Сања и Слаткар на лудиот камен застанаа во 2014 година, а нивната свадба започна со песната „Кажи да“ која Марко ја напиша специјално за неа. Тој токму со оваа песна со која го изиграа првиот танц и ја побара за жена, а ја снимаше непосредно пред нивната свадба.