На „пуш-ап“ градниците им дојде крајот – ова е најпродаваниот модел за оваа година
Како што пренесува Гардијан, „пуш-ап“ градникот е отстранет од тронот и на негово место доаѓа еден нов модел.
На негово место дојде популарниот градник „бралет“ (bralette), направен од мека тантела која можеби не нуди најдобра поддршка, но многу е поудобна за носење. Продажбата на овој модел на градник е зголемена за 120 проценти во изминатата година, додека продажбата на „пуш-ап“ моделите опадна за цели 50 отсто во текот на 2018.
Многу дизајнери на долна облека го препознаа потенцијалот на овој женски градник и почнаа да го произведуваат во големи количини, но некои се уште не го сториле тоа.
https://www.instagram.com/p/BrFo5Xhhcqp/?utm_source=ig_embed
Можниот колапс на брендот Викторија Сикрет е поврзан, меѓу другото, и со оваа ставка. Имено, фантазијата на овој светски познат бренд е сексапилот на највисоко можно ниво, кое вклучува двоен „пуш-ап“ градник и топ модели со совршени тела со беспрекорна шминка и фризура.
Се чини дека потрошувачите сепак сѐ презаситени од правилата на Викторијас Сикрет и го насочија вниманието кон оние марки кои им обезбедуваат удобност и естетска привлечност, наместо исцениран сексапил.
https://www.instagram.com/p/BrZ2zOHFBk8/