Ова е прастар обичај!
Крстовден, голем христијански празник и првиот по Божиќ кога се пости.Порано на овој ден се изведувале голем број на обреди и обичаи, но денес повеќето од нив се префрлија на Богојавление. Сепак, главната работа се случува вечерва!
Штом сонцето почне да заоѓа, христијаните почнаат да се поздравуваат со поздравот “Бог се јави!” во очи празникот.
На ова се одговара “Навистина се јави!”, и особено е важно да останете будни до полноќ!Всушност, нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, во време кога небото се отвора и “Бог се појавува.”Според верувањето, Богојавление – јавувањето на Бога, се случува во глувата доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето.
Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна …недвосмислена и имајте малку верба! Не треба да ви штети.