Реклама
Новости

На Петра и открија тешка болест, но наместо да очајува им стана инспирација на многумина

Реклама

Петра Тернер е млада и успешна жена од Хрватска која ги обожава патувањата, јогата и Ајурведската исхрана. Таа е големи креативец во кујната, но, исто така, една од 1,4 милиони луѓе во Европа кои страдаат од Кронова болест.

Тоа е хронично воспалителна болест на дигестивниот систем чија причина е непозната, но се сомнева во комбинацијата на генетска предиспозиција и фактори на животната средина. Секој кој се соочува со оваа дијагноза, животот му се менува потполно. А и за Петара, како што вели и таа самата, дијагнозата значеше промени, но – што е уште поважно – и почеток на еден нов, подобар начин на живот, така што денес својата состојба таа воопшто не ја смета за болест, туку – стил на живот. За да им покаже на сите дека секојдневниот живот и покрај болеста може да биде многу добар и без откажувања, таа го започна блогот „To live a life.”

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BpZ6xm0BrTX/?utm_source=ig_embed

 

Маркетинг

Нејзиниот блог во својот поднасловот крие уште едно интересно име „Јас и г-дин Крон“ со што оваа млада и максимално позитивна девојка јасно покажува колку е важно да се ставите самите себе на прво место. Блогот содржи три категории – рецепти, патувања и совети, каде можете да најдете детали од животот на младата блогерка, кои би можеле да ви помогнат во планирање на вашите здрави навики.

https://www.instagram.com/p/Bn_Yl3DFRkr/?utm_source=ig_embed

 

„Испробувајќи најразлични јадења, подготвувајќи нови јадења за сопругот, семејството и пријателите, истражувајќи ги новите ресторани и дестинации, сфатив дека сакам моите кулинарски идеи, искуства од патувањата, како и сите други искуства, да ги споделам со другите, особено со оние кои страдаат од Кронова болест. Медиумите често пишува за оваа болест, но кога ќе сакате да најдете некои корисни рецепт или конкретни совети, тоа за жал го нема, па мислам дека мојот блог може да биде од голема помош”, вели Петра.

https://www.instagram.com/p/BsOTa6JHAwu/?utm_source=ig_embed

 

На нејзиниот блог „To live a life” ќе најдете најразлични рецепти за предјадења, супи, главни јадења и десерти кои се одлична идеја за создавање на дневни оброци. Потоа „crohn friendly“ десерти, интересни предјадења, кои можат да се комбинираат за појадок или како идеја за ненајавени гости, хранливи супи и интересни идеи за ручек или вечера, кои се само дел од рецептите прилагодени на нејзините навики во исхраната. Во делот „совети за полесно секојдневие” публиката ја развеселува со совети кои и олесниле и помогнале да создаде подобар и поисполнет живот, и се надева дека ќе ги охрабри и поттикне другите за позитивна промена.

За да го посетите блогот одете на: www.tolivealife.net

Поврзано

Back to top button