Реклама
MAMAДом и семејство

На огромна радост на учениците: Во оваа земја не се учи физика, математика, книжевност, историја и географија

Реклама

Една од земјите што со години беше на врвот на светот во образованието повторно најави револуција во училишниот систем. Финска ги укинува класичните предмети.

Нема да има повеќе часови по физика, математика, книжевност, историја и географија.

Маркетинг

Финска е позната како земја со исклучително квалитетен образовен систем и секогаш зазема едно од првите десет места на меѓународното рангирање со своите училишта и колеџи. Сепак, и покрај високите стандарди, лидерите од образовниот сектор веруваат дека постојниот систем на образование може значително да се подобри. Државниот план за укинување на традиционалните предмети во наставната програма е најрадикален потег во овој поглед досега.

Причини за револуционерна промена

Школските предмети со децении беа составен дел од наставната програма. Затоа, нивното укинување делува како создавање на непотребна конфузија меѓу воспитувачите, учениците и родителите. За да се направи овој иновативен проект реалност, неопходно е да се направат многу работи. Сепак, воспоставувањето на нов образовен систем има смисла ако се земат предвид вештините што студентите денес треба да ги развијат за време на нивното образование.

Маркетинг

Финските лидери од образовниот сектор одамна го бараат најдобриот начин да воспостават нов пристап кон наставата, бидејќи учениците сеуште треба да учат математика, историја, литература или физика. Нивното ново, револуционарно решение беше да се укинат училишните предмети и да се воведат интердисциплинарни модули.

Студентите на тој начин ќе ја изучуваат Втората светска војна од перспектива на разни теми, како што се математиката, географијата и историјата. Друг пример на ново развиен модул е ​​наречен „Работа во кафуле”.

Модулот вклучува стекнување знаења по економија, англиски јазик и комуникациски вештини. На овој начин, наставниците можат да ја променат структурата на нивните предавања и да се обидат да ги направат покорисни за учениците.

Треба да размислуваат со своја глава

Новиот систем ќе биде претставен само на постарите ученици, од 16 години. Така, овие ученици ќе можат да ги изберат темите што сакаат да ги проучуваат, а кои сметаат дека се неопходни за нивната идна кариера, во согласност со нивните способности, и тие нема да мора да бидат уморни од оние теми односно предмети од кои не гледаат прекумерна корист.

Околу 70% од наставниците во Хелсинки веќе поминале подготвителна работа во согласност со новиот систем за презентирање информации. Како резултат на дополнителна работа, наставниците можат да очекуваат зголемување на платата и можност да работат со ученици кои се мотивирани да учествуваат и да стекнат знаења во рамките на интердисциплинарните модули.

Освен тоа, се очекува дека новиот образовен систем ќе се прошири во целата земја до 2020 година.

Поврзано

Back to top button