Реклама
Фитнес

На овој пензионер може да му позавидат младите: На возраст од 61, тој се занимава со бодибилдинг

Реклама

Пензионерот Клејтон Патерсон од Америка кој работи како адвокат е вистинска ѕвезда на Инстаграм.

Фото: Истаграм

Овој 60-годишен татко на четири деца го привлекува вниманието со неговиот изглед од кој може да се посрамотат и мноу помлади мажи од нео.

Патерсон отсекогаш бил љубител на фитнес, но поради неговата кариера и обврски со четири деца, понекогаш немал време редовно да го практикува.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BtBbHdelC_B/?utm_source=ig_embed

Во 2015 година, тој признал дека е хомосексуалец и сфатил дека може да направи повеќе за своето тело и почнал да о истражува бодибилдинг.

Маркетинг

“Во дваесеттите години бев во завидна форма, но верувам дека тоа во шеесеттите години е многу потешко. Гледам дека пријателите на моите деца ми се диват на рутината и изгледот, но јас во ништо не сум поразличен од нив “, рече Патерсон.

Фото: Инстаграм

Тој тврди дека токму благодарение на неговата одлична форма и младешки ставови, тој може да се вклопи во секоја возрасна група.

https://www.instagram.com/p/BrdLzy0llrq/?utm_source=ig_embed

„Многумина се изненадени кога ќе слушнаат дека сум 60 години, бидејќи тие не веруваат дека е можно да се биде во таква форма. Успеав да го задржам изгледот на дваесетгодишник иако сум старец. Често ме прашуваат дали земам стероиди, а одговорот е не. Сето тоа се должи на квалитетот на животот, добро здравје, фитнесот и сексуален живот”, објасни тој.

Од 2017 година учествува во натпревари за бодибилдинг и редовно добива едно од првите пет места.

Поврзано

Back to top button