На овие три дами сите им завидуваат на нивната убавина, но ретко која би го правела она што и тие за својот изглед – ова е нивната тајна!
Неколку трикови за убавина на познатите дами …
Овие дами иако се во години се уште важат за едни од најубавите жени. Тие со својата убавина секогаш ги воодушевуваат сите, но за да бидат во форма постојано ја одржуваат својата убавина и тоа на мошне напорен начин.
https://www.instagram.com/p/BouFF19nFQd/?taken-by=cindycrawford
Синди Крафорд
Синди Крафорд редовно тренира 20 ГОДИНИ. Секоја вечер за себе обезбедува доволно сон, не пуши, никогаш не оди во кревет нашминкана, а од дома НИКАКО не излегува без крем со заштитен фактор. Вели дека резултатот од негата во 30-те ги видела во своите 40-ти и 50-ти години.
https://www.instagram.com/p/Bn4N8RVnKQ9/?taken-by=cindycrawford
Нејзиниот трик е пред да ја мие косата секогаш користи хидрантна маска што ја става на косата. Синди има војнички режим за нега, но трудот и се исплати
Елизабет Харли
Елизабет Харли ги следи советите на Џоан Колинс кои се сведуваат на следните препораки: „Ми кажа дека секаде по дома има распоредено хидратантни и креми за пределот околу очите. Па така, кога ќе помине покрај овие залиги, ќе нанесе малку крем на нејзиното лице. Ја става и кога е во автомобилот, кога седи на масата и нешто работи.. И јас одлучив да ја копирам и го правам истото“.
Хелена Кристенсен
Понекогаш ве мрзи да го намачкате лицето со крема, е па Хелена Кристенсен не го знае таквото чувство. Таа секојдневно на лицето става лосион за лице, серум и хидратантна крема. И тоа не е сé, дури и додека ја чисти куќата, на лицето става хранлива маска. Нега пред сé, тоа е нејзиното мото!
,