Реклама
Наши ѕвезди

На овие Македонки им се оствари најголемата желба – си родија бебенца и станаа мајки во шестата деценија од животот

Реклама

На почетокот на јули оваа година, Костадинка Соколовска стана мајка првпат и тоа на 51 годишна возраст.

Таа одвај чекаше да замине дома со малиот Давид, а за медиумите изјави дека е најсреќната мајка на светот.

Маркетинг

„Барем денес, кога технологијата е развиена до највисок степен, никогаш не е доцна за една жена да се реализира како мајка. Јас и Давид сега сме семејство, а јас сум најсреќната мајка на светот“ – изјави 51-годишната Костадинка.

Маркетинг
Костадинка и малиот Давид

Пред неа, скопјанката Маја Мицевска беше единствената жена во Македонија која за првпат стана мајка на  51 – годишна  возраст.  Таа неколку недели претходно на овој свет ја донесе убавата Лина, а во интервју за Ревита отворено зборуваше за тоа дека отсекогаш сакала да има свои деца. Таа со нејзиниот сопруг се сретнала кога имала 47 години, кога најголема желба и било да роди дете. Но по неколку години откако нема да можат да добијат дете, ќе побараат помош од докторите, а по некое време ќе остане во блажена состојба. Таа и нејзиниот сопруг денес се среќни родители.

Извор: Ревита, Република

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button