Неделен хороскоп од 29. јули – 4. август 2019 година.
Овен
Неделава можете да се надевате на многу позитивен период на деловно поле, исто така и за патувањата и трговијата.На полето на љубов ве очекуваат интересни случувања, личност од спротивниот пол ќе ви пружа доста внимание.
Бик
Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат.
Близнаци
Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални.Љубовната ситуација е конфузна бидејќи ни сами не знаете како се чувствувате.
Рак
Засега имате голем број на нерешени деловни прашања и во текот на оваа фаза малку нешта ќе се променат.На полето на љубовта имате донекаде недефинирана ситуација со една личност.
Лав
Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Кога станува збор за љубовта можете да се надевате на многу опуштена атмосфера и необврзувачки врски.
Девица
Ви претстои фаза за разговор со претпоставените кои сега многу ви се наклонети. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега.
Вага
На некој му е многу важно со вас да воспостави добра комуникација, особено на Рибите.Доколку сте покренале некои правни прашања, ќе бидете задоволни со позитивните решенија кои ве очекуваат.
Шкорпија
Периодов финансиската состојба станува се подобра и подобра и ќе се чувствувате многу добро поради тоа. На многумина им пречи вашиот успех и тоа е до таа мера нагласено што морате да криете од оние кои се напорни во испрашувањето за вашите намери, оние кои сакаат да знаат се за вас.
Стрелец
За жал, старите долгови мора да се платат и тоа ви создава нервоза. Не може да се каже дека концентрацијата ќе ви биде силна страна, оваа фаза не е претерано поволна за работа.
Јарец
Нервозата што ја чувствувате не ја покажувајте пред другите затоа што вашите зборови можат да бидат злоупотребени.Иако ви се чини дека нема да можете сами да ги остварите сите наталожени обврски, сепак ќе успеете некако во тоа.
Водолија
Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити.Кога станува збор за љубовта се е навистина сјајно и навистина сте среќни.
Риби
Издржете го на мир првиот дел од неделата . Ве очекуваат некои недоразбирања и мали компликации на деловното поле. Немојте да се водите според емоциите на работа.Љубовната ситуација би требала да биде стабилна кај вас.