Холивуд

На ова место со часови седи „заклучена“ Викторија Бекам – погледнете го ентериерот од соништата во нејзината работна просторија

Advertisement

Дали канцеларијата на познатата дизајнерка ви изгледа гламурозно или едноставно не ја замислувавте така?

Advertisement

Но без разлика на вашито одговор на ова прашање мислам дека ќе се согласите сите дека Викторија Бекам не би била Викторија Бекам доколку нејзината работна маса не изглеа малку поразлично од обичните.

Имано, познатата дизајнерка работи на долга правоаголна маса во елегантна беж боја. Таа е доволно долга да може да ги стави фотографиите на своите деца на неа, но и најновите изданија на познатите модни магазини (на чии страни најверојатни се наоѓаат нејзините колекции). Во нејзиниот стил на облекување преовладува црната, беж и белата боја, а таков минималистички стил избра и за уредување на ентериерот покрај кој го минува поголемиот дел од својот ден.

Зад нејзиниот грб се наоѓа огромен црн плакар поради кој селфи фотографиите направени на ова место изгледаат мошне моќно. Во него се наоѓаат сите  работи кои на госпоѓа Бекам и се потребни додека е „заклучена“ во канцеларијата. Познатата дизајнерка признава дека имала страв во врска со тоа дали доволно време поминува со своите деца, но често знаела да се пожали дека е затворена во една просторија повеќе од половина од своето работно време се додека не сфатила дека за тоа не може никого да обвини освен самата себе.

Кога на таа тема поразговарала со Дијана вон Фурстенберг и ја прашала дали и таа има слични дилеми, дизајнерката со белгиско потекло едноставно и одговорила со едно студено „не“. Имено Дијана без предрасуди сметала дека е добра мајка и не дозволувала да чувствува вина поради тоа што доста време поминува во работа. Сепак Викторија разговорот го заврши со мирен тон споменувајќи дека секогаш се обидува да се врати дома пред да дојде времето за спиење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button