На ова место се закопани неговите родители – македонскиот водител тука го пронаоѓа својот мир
Објавата на нашиот познат водител ќе раплаче многумина - тука почиваат неговите родители
Нема никогаш да гои заборави моментите поминати со нив
Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, неодамна објави фотографија направена на гробот на неговите родители.
„Тишина, мир, спокој.. болка“, напиша тој во описот на фотографијата под која доби голем број коментари со поддршка и изрази на сочувство од неговите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.
Неговите родители се закопани на гробиштата во Катланово, каде што Зоки има викендичка која што ја наследи од нив.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој во викендичката доаѓа кога сака да се опушти и одмори од градската бучава, а секогаш оди да го посети и гробот на родителите.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Колку тие му недостигаат може да се види и од оваа негова објава, каде тој покрај нивниот гроб се присеќава на незаборавните моменти што ги поминал со нив, нешто што впрочем и самиот го има истакнато.
„Срцето ми е со вас, погребано во вечноста, заради сите убави мигови, а животот преубаво ви стоеше. Извинете за се, во мене пости болка“, напиша Зоки во една пригода под фотографијата што ја објави пред неколку недели, а која беше направена на истото ова место.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
Потсетуваме, неговата мајка Пандора почина минатото лето, додека татко му Младен во 2015 година.
Зоки беше многу поврзан и со двајцата и тие беа најголемата поддршка во неговиот живот, а колку тие му недостигаат зборува и коментарот што се уште стои под една негова фотографија на Инстаграм, објавена по шест години од смртта на неговиот татко.
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци
„6 цели години. Кога само би знаел колку ми недостигаш, ти и твојата смиреност, стамен и горд како катедрала, мудар и правичен, мојот животен херој, се надевам леташ, таму некаде над синото небо. Мене ми останаа спомените. Кога бев уморен од сѐ, ќе ти речев „Добро сум“. И ДЕНЕС ДОБРО СУМ, а те лажам…“ напиша тогаш Зоки.