На ова мало бебе од Скопје итно му е потребна помош – Македонијо, ајде да му дадеме шанса за живот
Од срце за малата Аника на која и е потребна нашата помош!
Малата Аника е петмесечно бебе на кое итно му е потребно нашата помош! Ајде сите заедно да помогнеме за нејзиното подобро утре.
Бебето Аника има пет месеци кое од самото раѓање се соочува со здравствен проблем за кој мора итно да му биде направена операција на срцето. Интервенцијата што ќе биде направена гарантира нормализирање на состојбата, целосно стабилизирање и нов нормален живот за ова мало бебенце.
Таа е родена со срцева маана (вентрикуларниот септален дефект) заради која доаѓа до мешање на крвта во коморите на срцето и симптомите за жал најчесто се појавуваат во почетните месеци од животот што е и случај кај малата Аника. Бледилото, бавниот раст, лесното заморување, забрзаното дишење се само еден мал дел од симптомите со кои се соочува Аника од раѓање, а за среќа се решливи со оперативен зафат кој родителите на Аника не се во можност да го подмират и истиот треба да се изведе на клиника во Бугарија.
За истата интервенција и лекување на малата Аника потребни се 25.000 евра, кои родителите на бебето не се во состојба да ги најдат.
Па, ја користиме оваа пригода да испратиме апел до сите хумани луѓе да кликнат на следниот линк и да донираат, кој колку може. Вашата донација, колку и да е мала, може да биде шанса на малата Аника да и се продолжи животот, но не заборавајте и да го споделите овој текст како истиот би дошол до што поголем број на хумани луѓе кои се во можност да помогнат.
Кликнете тука за линкот за донации…