Реклама
Вирално

На оваа мапа следете од каде доаѓаат заразените од коронавирусот во Македонија

Реклама

Направена е  првата интерактивна мапа за следење на состојбта со коронавирусот во Македонија.

 

Маркетинг

Отсега сите податоци Македонците може да ги следта преку оваа мапа на која податоците се ажурираат дневно, од официјални извори.Мапата ги прикажува местата на кои има заразени со коронавирус, како и нивниот пол и години.Мапата можете да ја следите ТУКА.

Министерот за здравство Филипче ги објави новите мерки на Владата. Тие се рестриктивни.

Маркетинг

Со еден збор застанува се, буквално се. Државата оди во КАРАНТИН! Подолу интегралниот текст.На вечерашната владина седница, донесовме заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, информираше вечерва преку својата Фејсбук страница министерот за здраство Венко Филипче.

Ново работно време на трговските центри

Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека до сега ги подржуваа сите донеси одлуки и во иднина ќе ги подржуваат сите донесени одлуки на владата на Република Северна Македонија.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донесување на одлука од владата за работењето на трговските центри сакаме да Ве известиме дека горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот Здравјето на граѓаните ни е на прво место и ќе ја подржиме секоја одлука на владата на Република Северна Македонија. Промената на работното време ќе остане се додека владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата. Заради моменталната ситуација и потребите на граѓаните кои живеат во околните населби и град Скопје, аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот. Новото работно време започнува од денес“, наведуваат во соопштението.

Една од нив е и влијателната твитерџика, позната под псевдонимот Волшебна, која ги дели своите впечатоци од Кина, од градот во којшто живее. Како што вели, сé е санирано и сé полека, но сигурно се враќа во нормала.

Градот во кој живеам во Кина има 7 милиони жители. Вкупниот број заразени беше 19, од кои во моментов тројца се на лечење, додека останатите се пуштени на домашно лекување. Нема сомнителни случаи, нема нови заразени веќе месец дена, контролираат кој доаѓа во градот, брзо реагираат штом ќе се открие заразата. Во градот сите мораа да носат маски, во такси не можеше да седнат повеќе од две лица.

„Ресторани, барови, музички места беа затворени веднаш. Работа од дома е воведена секаде каде што тоа е возможно, додека на останатите им беше скратено работното време.Температури мереа на секое ќоше“.

„Дезинфицирано беше апсолутно сé, и на тој начин го спречија ширењето на вирусот“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button