На оваа Македонка и Лепа Брена може да и завидува – погледнете ја РАСКОШНАТА ВИЛА со огромен базен што ја има во Велгошти!
Македонската пејачка и нејзиниот сопруг заминаа од Македонија – фолкерката упати силна порака преку социјалните мрежи.
Познатата македонска пејачка и нејзиниот сопруг навистина знаат како се ужива во животот и секој слободен момент го користат да го поминат заедно.
Нашата позната фолк-пејачка Анета Наковска долги години е во среќен брак со охриѓанецот Спиро Крлевски кој живее во Соединетите Американски Држави. Нивната врска долго време беше на релација Америка-Македонија, сѐ додека пејачката не одлучи да се посвети целосно на Спиро и да замине да живее заедно со него во Америка.
Деновите на пандемијата тие ги поминаа во нивната луксузна куќа во Велгошти. Но, сега тие повторно се вратија во САД и отиоа на одмор во Флорида.
Оттаму тие споделија фотографии и видеа од нивното уживања на прекрасната песочна плажа.
Се чини дека епидемијата стивнува и веќе во некои делови од светот се укинуваат сите рестриктивни мерки.
Анета сподели фотографии од супермаркет во Америка во кој повеќе не се носат маски.
Таа со ова ја поддржа одлуката на американските власти кои целосно ги укинаа маските.
„Ајде да се надеваме дека и кај нас ќе биде вака без маски бидејќи за се’ нешто се копира од Американците, а како што гледате тука и и во супермаркетите само ако сака некој си става маска“, напиша Анета.
Без оглед дали се во Америка или во Македонија, Анета и Спиро уживаат во вистински луксуз.
Нивната куќа во Велгошти е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.
Пејачката одлучи да го спои убавото и корисното, па дел од својот дом претвори во ресторан.
Живеат нависока нога, му се радуваат на животот, но сепак најмногу уживаат во својата љубов.
Пејачката и нејзиниот сопруг ја негуваат љубовта со романтични гестови. По повод роенденот н Анета Спиро одлучи да ѝ подари 101 ружа, а пејачката јавно му се заблагодари.
-Епа најмил мој, мажу мој љубен, утрово кога го добив букетов знаеш дека ми се насолзија очите, но не знаеш дека на денешниов ден посакав токму 101 роденден заедно двајцата да си славиме еден дааааалечен ден… Многу ти благодарам љубов за ова прекрасно изненадување. Да, јас си почекав подолго во животот, ама вредело се, бидејќи принцот си го дочекав, напиша пејачката Наковска.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
– Мојот маж се потпишува како косценарист и корежисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации – откри во една прилика пејачката.
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска