Реклама
Наши ѕвезди

На нивната голема љубов секој може да им позавиди: Еве како изгледа СОПРУГАТА на македонскиот фолк-пејач Петар Нечовски

Реклама

Македонскиот фолк-пејач Петар Нечовски и неговата сопруга Анастасија се секогаш и секаде заедно, а нивниот брак и љубов се реткост во ова време.

Фолкерот Петар Нечовски освен што во Македонија е еден од најпопуларните пејачи, тој важи и за еден од најбараните пејачи во дијаспората.

Маркетинг

Изведува изворни, но и новосоздадени песни кои се вистински мелем за душа за неговите верни обожаватели.

Роден е во Ресен на 10 јули 1957 година.

Маркетинг
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Десетина години работел како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, а потоа продолжува како професионален естраден уметник. Реализирал дваесетина турнеи во Австралија, САД и Канада.

Настапувал на многу фестивали во Македонија, каде ја понел главната награда како и на повеќе меѓународни фестивали во Камбера, Торонто, Амстердам и др.

Препознатлив е и по својот специфичен имиџ, по својата фризура (коњско опавче) карактеристична повеќе за рокерите отколку за фолкерите.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Своето здравје во време на пандемијата тој кажа дека го чувал хранејќи се здраво. Тој е голем љубител на риба, особено на охридската пастрмка. Во сите свои интервјуа истакнува дека одлично готви и дека после неговата пастрмка на охридски начин, можете и прсти да излижете.

Долги години е во брак со сопругата Анастасија, која е негова најголема поддршка и придружба секаде каде што оди. Тие двајца навистина уживаат во животот и постојано негде патуваат.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

На неговиот Фејсбук профил може да се видат многу фотографии од него и Анастасија на разни дестинации.

Омилена дестинација како што изјави тој во едно свое интервју му е Америка затоа што има разни култури и народи на едно место, а исто така во исто време таму може да ужива и додека е зима и додека е лето. Пријатели има насекаде низ Америка, па често ги посетува додека е на турнеја.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Поради пандемијата предизвикана од Ковид 19, тој и неговата сопруга минатата година својата куќна слава Свети Ѓорѓија ја славеа сами, а во нивниот дом дојде само поп, како што налага традицијата.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

И двајцата се големи верници и ги почитуваат обичаите.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Домаќините го дочекаа и свештеникот ја вршеше својата богослужба во нивниот дом – со заштитна маска. Пејачот на својот Фејсбук профил сподели и што се најде на нивната трпеза.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Ковид 19 донесе безработица за македонските музичари кои повеќе од една година беа без никаков ангжман.

Сепак добија еднократна помош од државата, која не беше никако доволна.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Пејачот Начовски во интервју за Вечер.прес истакна дека можеби е најпаметно музичарите да си најдат друга работа.

-Логично е дека тоа се малку пари, колку да се истурка месецот. Владата покажа интерес не ги батали музичарите. Но, што правиме за понатаму? Останува на самите пејачи да се снаоѓаат.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Состојбата со короната нема да се стабилизира, ќе трае, а никој не знае до кога? Велат, уште малку, па короната ќе исчезне. Не знам, а и јас сакам да биде така уште малку, кој не сака. Можеби ние пејачите ќе треба да побараме преквалификација, да почнеме да работиме некоја друга работа.

Тој потенцираше дека пари се нема затоа што нема настапи, па дојдено е време на преживување во кое пред се треба да се сочува здравјето и умот. Тој слободното време го искористи да компонира, да преслушува многу други песни, истовремено размислувајќи и дали пејачите би требало да ја променат професијата. „Мора со нешто времето да се осмисли, нели?“, вели во своето интервју Нечовски.

Повеќе негови фотографии како и од неговата сакана, погледнете во продолжение.

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

 

ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук
ФОТО: Петар Нечовски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button