На нејзината линија и младите девојки и завидуваат: Тело за медал – македонската пејачка покажа што поседува

На линијата на македонската фолк пејачка може да позавидат и младите девојки.
Се чини дека времето запрело за нашата Анета Наковска.
Таа е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енергија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.
Една е од ретките на сценава која може да се пофали со долгогодишна успешна кариера.
Нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката.

Иако не е од оние кои сѐ чуваат во тајност, сепак одбира што ќе пласира во јавност.
Активна е на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели и приватни фотографии.
Прилично е гласна и искрена во врска со сите актуелни случувања во политиката во нашата земја.

Во брак е со охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги години е во брак. Спиро инаку живее во Сад, па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Мамедонија.
Тоа беше така сѐ додека двајцата не одлучија да ја крунисаат со брак.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел. Спиро и Анета живеат до САД, но деновите за време на пандемијата ги минаа во нивната луксузна куќа во охридското село Велгошти.

Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.
Иако во Македонија зимата е вополн ек и веќе има минусни температури, Анета деновиве ужива на плажа во топлите предели.

Таа на својот Фејсбук профил сподели фотографии во костим за капење на плажа со своите пријателки.
Оваа жена не старее, изгледа фантастично.

На нејзиното тело може да позавидат и помладите девојки.
Се гледа дека својата линија ја довела до совршенство.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска