На нашата позната фолкерка гостите и ги полнат рацете со пари – една МАКЕДОНСКА ПЕСНА и бакшиш лета од сите страни!
„Раке пуке, раке шлаке“ и раце полни со пари…
Ова не и е прв пат на нашата позната пејачка да покаже како за многу кратко време може да заработи „брдо“ пари.
Фолкерката Сања Ристевска кога ќе го земе микрофонот во рацете знае како да ја донесе атмосферата до вистинско лудило.
Така беше и овој пат што можеме да видиме и од снимките на социјалните мрежи на кои пејачката е со труп пари во рацете.
Таа им пее на гостите, со микрофонот во рацете, а парите што ги доби како бакшиш одвај може да ги држи.
Пејачката облечена во кусо црно фустанче доминираше на веселбата, а снимката никого не остави рамнодушен.
Впрочем ова не е прв пат да сме во можност да видиме како изгледа атмосферата кога настапува Ристевска, и како само со една песна успева да заработи и по неколку просечни плати во Македонија.
Таа веќе долги години е дел од нашата фолк сцена и важи за една од најпознатите и најбараните пејачки во Македонија.
Најголема популарност достигна со песните „Е, баш ме заболе“ и „Раке пуке, раке шлаке“ со кои ја започна својата кариера. И додека едни и се потсмеваа на песните, таа преку ноќ стана една од најбараните и најпознатите фолк-пејачки, така што денес речиси и да нема викенд, а да не настапува некаде низ Македонија.
Поприлично е барана и кај нашинците од дијаспората, така што постојано има понуди за настапи и надвор од нашите граници. Таа им ги исполнува музичките желби на гостите и знае како да направи вистинска атмосфера, а кога ќе почне и да игра додека пее настанува вистинско лудило и речиси сите гости почнуваат да ја „китат“ со пари.
А како таа изгледа додека го прави тоа, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска
Фото: Инстаграм/ Сања Ристеска