На нејзиното беспрекорно тело можат да и завидуваат и многу помлади колешки
Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ важеше за една од најзгодните жени во поранешна Југославија, а и денес, во својата 57 година од животот изгледа неверојатно. Таа на својот профил на социјалните мрежи редовно споделува фотографии поради кои многу млади девојки и завидуваат, а со последната предизвика вистинска бура.
Имено, таа деновиве се наоѓа на одмор во Занзибар, од каде редовно ги известува своите фанови што прави, а кога објави фотографија од која можеме да видиме како изгледа додека вежба, сите останаа без здив. Таа направи стој на раце, а во центарот на вниманието е нејзиното тело.
„Не постои поидеално место за вежбање“ – напиша таа под фотографијата. „Не постои поидеална жена од тебе“, коментираа нејзините фанови.