На Лила Филиповска не и е гајле колку години има, таа изгледа сé подобро и подобро
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека што и да облече оваа жена, и покрај своите години, изгледа фантастично.
Кога веќе ги споменуваме годините сакаме да потенцираме дека познатата водителка изгледа подеднакво добро без разлика дали носи парчиња наменети за помладите генерации или нешто што е соодветно за нејзината возраст. Едноставно што и да облече таа изгледа беспрекорно, а за тоа секако дека заслужна е и нејзината заразна насмевка.
Така беше и овој пат кога се прошета во преубаво фустанче со реси кое го носеше со полувисоки чизмички во сива нијанса со тенки високи потпетици.
Па кога на сето ова ќе ја додадеме и карминот во боја на вишна и нејзината шик фризура добиваме полн погодок.
Што ми е гајле колку години имам
Како и многу познати холивудски диви кои во последно време се почесто самоуверено ги прекршуваат сите генерациски ограничувања кога е во прашање облекувањето, фризурата и ставот, така сега и дамите од нашиот свет можат да ги истакнат своите адути. Смелиот стил на Лила Филиповска е одличен пример за тоа и од кој можеме многу да научиме, бидејќи таа и во петтата деценија од животот со неподнослива леснотија си игра со младешките стилови.
Покрај ваквите чизмички со високи потпетици и згодните нозе кои често ги истакнува водителката вешто крие колку родендени брои, а изгледа подобро од многу нејзини колешки кои се и двојно помлади од неа.
Имено, строгите правила кои модната индустрија ги наметнува кога е во прашање ускладување на имиџот и годините во последно време се почесто не се почитуваат како во светот, така и кај нас. Холивудските дами ја открија моќта на козметиката, третманите, позитивниот, младешко размислување и продолжија и во петата, шестата, па и седмата деценија да носат долга коса, да комбинираат недозволиви бои, дезени, стилови и изгледаат одлично.
Очигледно дека средните години кога се чувствуваат првите знаци на стареење полесно ќе ги пребродите покрај сите оние препарати и козметички производи наменети за нега и зачувување на телото. Така четириесеттите можат да ви станат продолжени триесетти, а со адекватни третмани и редовна физичка активност ни шестата, па ни седмата деценија не мора да ви бидат однапред изгубена битка.
Нашата убава водителка очигледно многу добро го знае тоа и навистина не треба да и биде гајле колку години има кога изгледа олку добро.
Браво!