На Кико итно му е потребна нашата помош, ајде да ПОМОГНЕМЕ! Потребни се уште само 30.000 евра
Да бидеме хумани и да му помогнеме на Кристијан
Малиот Кико има ретка дијагноза на Атакција -телеангиектазија и за негово лекување во Турција потребни се финансии.
Тој моментално се наоѓа во Систина, а како што објави јутјуберот Стефан Лазаров, во моментов се чувствува малку подобро отколку од пред два дена, кога ситуацијата му се беше влошила.
Како што објави Стефанов на Фејсбук, а кој е во контакт со таткото на Кристијан, во Систина докторите се грижат најдобро за него.
Но на Кико итно му е потребна лекување во Турција, а за тоа се потребни финансиски средства.
Од хуманите луѓе досега се собрани околу 40.000 евра и тоа за само три дена, но потребни се уште средства.
Како што објави јутберот, потребни се вкупно околу 70.000 евра, од кои 12.500 евра чини само патувањето со авион до Турција.
Па, да бидеме хумани за новиот живот на Кико!
Да му помогнеме на Кико!
Teлефонските броеви за донација се
А1: 143 471,
Телеком: 143 130
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 200004087594930 СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, Катерина Коцева.
Отворена е и сметка на gofundme која можете да ја најдете на следниот линк:
Ве молиме, споделете го апелов да стигне до сите…