Реклама
Вирално

На Италијанците не им доаѓа паметот – воведуваат поблаги мерки, коронавирусот нема да ги предомисли за скарата за 1-ви Мај

Реклама

Одлуката наиде на спротивставени ставови кај лидерите на одделни региони во оваа земја

Во Италија, по повеќенеделната блокада поради пандемијата на вирусот „Ковид-19“ во која животот го изгубија повеќе од 20.000 луѓе во земјата, од денес почнуваат постепено да се отвораат одредени субјекти, и покрај спротивни погледи од регионалните лидери.

Маркетинг

Од денес, покрај продавниците за намирници и аптеките, кои беа отворени и досега, ќе биде дозволена работа и во продавници како што се книжарници и продавници со облека за деца.

Во Италија, рестриктивните мерки што го ограничуваат движењето на луѓето се продолжени до 3 мај, меѓутоа, првиот чекор е направен по римокатоличкиот Велигденски понеделник, односно пред два дена, и тоа се однесува на постепените деловни активности. Но оваа одлука најде спротивставени ставови кај регионалните лидери.

Лидерите на Ломбардија и Пиемонт, кои се меѓу најтешко погодените региони на вирусот „Ковид-19“, се меѓу оние кои се спротивставија на одлуката на италијанската влада, а книжарниците и продавниците за хартија ќе продолжат да бидат затворени во тие региони.

Маркетинг

Според новата одредба која стапува во сила во Венето, од граѓаните се бара да носат заштитни маски и ракавици, или да имаат гел за дезинфекција со нив надвор од својот дом, а дозволено им е и да се вклучат во спортски активности во непосредна близина на нивниот престој.

Во Венето исто така ќе биде дозволено и одбележувањето на Денот на ослободување на Италија, 25 април и Меѓународниот ден на трудот, како и 1 мај – со традиционална скара, но исклучиво на приватен имот и само со членовите на семејството, а не и со пријателите.

Лигурија најави постепено отворање кое пред сé се однесува на градинарството, бродоградбата и малите градежни работи, истакнувајќи дека „првите мали чекори“ бараат голема одговорност и претпазливост.

Од денес, поблаги мерки најавуваат скара за да го прослават Меѓународниот ден на трудот, 1-ви мај04/14/2020 09:01 часотВо регионот Лацио, книжарниците ќе бидат отворени од 20 април за да се обезбедат сите безбедносни мерки.

Повеќе од 60 милиони италијански граѓани подлежат на општи карантински мерки кои се продолжени до 3 мај, бидејќи рестриктивните мерки придонесоа за забавување на вирусот Ковид-19.

Тоа е повеќе од еден месец, а се очекува граѓаните на оваа земја да имаат поголема слобода на движење од 4 мај.

Се стабилизира состојбата и во Словенија

Во изминатото деноноќие во Словенија се направени 1.168 тестирања за корона вирусот, а позитивни се само 28, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според овие информации, продолжува трендот на стабилизирање на новозаразените, а новите инфицирања во најголем дел се во домовите за стари лица, што е жаришта на вирусот.

Во болниците ширум земјата од Ковид-19 се лекуваат 96 лица, а на одделите за интензивна нега се наоѓаат 34 пациенти.

Во изминатите 24 часа, од здравствените установи се отпуштени 13 лица кои оздравеле, а бројот на оние кои г=ја изгубија битката со вирусот се зголеми за пет.

Пред нас е најдолгиот полициски час

Пред граѓаните на цела Македонија е најдолгиот полициски час откако се бориме против корона вирус – Велигден ќе го дочекаме во домовите, а се забраната за движење ќе трае од петок попладне од 16 часот до вторник, до 05 часот наутро.

Дополнително, од четврток, 16 април, во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми во целата држава.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.

По овој карантин, која ќе трае 85 часа, доколку епидемиолошката состојба во земјава остане под контрола, се отвора можност за разговори за постепено намалување на мерките и скратување на полицискиот час.

Ризични празници

Веднаш после Велигден, ќе имаме уште еден термини со висок ризик, проценуваат експертите. Во прашање е Денот на трудот, 1-ви Мај, па така додека граѓаните очекуваат постепено намалување на мерките по православниот Велигден, нема да се изненадиме ако власта веќе размислува и се дискутира за опцијата за продолжен полициски час и за петок и сабота, за 1 и 2 мај. Имено, тие веќе во неколку наврати напоменаа дека се очекува пикот да биде при крајот на овој месец, па од тие причини и викендот што следува по велигденските празници е со висок ризик заради обичаите како што се протести, собирање на отворено, скара и слично.

Тоа мора да се избегне

Препораката на експертите е да не се брза со укинување на мерките, туку да почнат да се намалуваат постепено. А потоа, кога тоа ќе го овозможи епидемиолошката слика, полека да почне животот да се враќа во нормала – ни вели наш извор и додава дека ситуацијата може да се смени во еден ден и мерките да бидат прилагоди на тоа.

Постепеното ублажување на мерките би значело дека тие се придвижуваат кон оние што биле на почетокот на епидемијата.

Тоа значи дека полицискиот час повторно ќе биде од девет навечер, наместо од четири, полека ќе започнат со работа ресторани на отворено, т.е. бавчите, со ограничен број на луѓе и пропишано растојание.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button