На интернет се појави домашно видео на Лепа Брена – пејачката досега НИКОЈ ја нема видено во вакво издание. Фановите во шок!
Помладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, од терасата на луксузната вила ја снимаше својата мајка, а видеото го постави на интернет.
Тој ја фати својата мајка додека ја вадеше тревата во дворот во нивниот семеен дом. Пејачката со цревото во рацете се шеташе низ дворот, облечена како вистинска домаќинка, со широка насмевка на лицето.
Инаку, ова не е прв пат помладиот син на Лепа Брена на својот Инстаграм да објавува фотографии и видеа од кои можеме да ја видиме пејачката во необични изданија. Тој и претходно тајно ја снимаше својата позната мама додека се опушта во нивниот семеен дом во Белград.
Тој неодамна објави фотографии со кои изрази чудење од она што неговата мајка го носи по дома на стапалата.
Очигледно не му се допадна необичниот детаљ што го „фураше“ таа на нозете, па одлучи да го сподели со сите.